Мотивацијата е еден од клучевите за успехот. Мотивацијата е во нас само треба да ја разбудиме. Еве како …
Креативно размислување
Имагинацијата е неверојатно моќна алатка. Мислите произведени од имагинацијата може буквално да го менуваат нашето расположение, чувства и дури и да влијаат на нашето здравје. Многу луѓе опстанале во лоша работна средина благодарение на моќта на фантазијата. Креирале свој мал свет кој им помага да го совладаат тешкото секојдневие.
Проектите се забавни
Ако на почетокот оцените дека задачата е тешка или невозможна, тогаш таа е таква. Имено, пораката што ја испраќаме сами на себе (нашата перцепција на една задача, настан, итн) влијае на тоа како ќе се поставиме кон работите.
На пример, ако мислите дека вашето интервју за работа ќе биде “фијаско” веројатно тоа и ќе се случи. Од друга страна, ако вашиот мозок го насочите и почнете да размислувате за тоа како ситуацијата ќе биде интересна, позитивна и дека сигурно ќе бидете кандидат за избор (или веќе избран кандидат), на најдобар пат сте да го остварите тоа.
Задачи, проекти или обврски од било кој вид, обидате се да ги доживеете како забавни. Ако со таков став им пристапите на задачите, ќе видите дека е многу позабавно и полесно отколку што мислите.
Среќните луѓе не прават посреќни
Ништо не може да не ‘докусури ” повеќе од негативните луѓе. Тоа се луѓе кои во сé гледаат нешто лошо, и нивните (ретки) моменти на добро расположение, како пијавици го црпат од позитивните луѓе околу нив (додека не ги направи подеднакво депресивни). Ве молиме да се оддалечите од нив.
Среќните луѓе создаваат атмосфера полна со добри вибрации и безбедност. Среќните луѓе даваат поддршка на вашите одлуки, додека негативни луѓе имаат завист и страв од позитивните промени во вашиот живот и се обидуваат да ве вратат на “старите” навики.
Ако се дружите со среќни луѓе, не заборавајте и вие да ги направите среќни. Вие не сте уште една ‘пијавица “.
Соочување со стравот
Зад секој страв се крие нешто безбедно и корисно. Соочувајќи се со стравот ќе се зголеми вашата самодоверба и независност. Најлошото нешто што можете да го направите е да ја пикнете главата во песок и да се преправате дека стравот (проблемот) не постои.
Зајакнување на вашата волја
Ако мислите дека сте без волја, ги потценувате своите способности. Волјата е како мускул. Можеби не е секогаш силна, но секогаш е таму. Ако можете да ги зајакнете мускулите, тогаш можете и вашата воља. Ништо нема да се случи се додека не “стартувате“.
Останете “во сегашноста”
Моќта на “сегашноста” е непроценливa. Не се навраќајте во минатото, освен ако не сакате да имате огромна грижа на совеста. Не живеете во иднината, ако не сакате постојано да oсеќате страв. Посветете се на она што е “сега”.
Направете листа
Направете листа на сите позитивни работи што ги мислите за себе. Наведете ја секоја карактеристика или остварување на кои сте горди. Чувајте ја оваа листа секогаш со вас. Кога сте депресивни, ќе имате корист од неа. Со користење на оваа листа, вашето расположение секој ден може да биде позитивно (или барем нешто слично), вашата мотивација може значително да се зголеми.
Исклучете го телевизорот
Ние сме свесни дека од овој предлог многумина ќе негодуваат, но обидете се барем еден ден да живеете без телевизија. Кога гледате телевизија, тогаш всушност можете да видите како луѓе го прават она што тие го сакаат. Понекогаш ние стануваме толку фасцинирани (или опседнати ) од успехот на другите што го забораваме нашиот. Од друга страна со негативни информации и различни проблеми ни ја полнат главата и ни го расипуваат расположението.
Во просек едно домаќинство гледа 6-8 часа телевизија на ден. Постојат голем број на корисни работи што можете да ги направите наместо тоа.
Слушање музика додека возите
Без оглед на тоа дали ќе патувате со автомобил или јавен превоз, добро е да се имате во вас дел од вашата омилена музика. Музика во комбинација со движење обично е моќна мотивирачка сила. Музиката може да не расположи. Со музиката често се замислуваме, а понекогаш може така да не инспирира и да ни го промени целиот ден. Не ја пропуштајте оваа можност.