Иако видеоигрите главно се на удар на критиките, во смисла дека им штетат на младите, конечно се појави една за која не би можеле да го кажеме тоа. Таа е развиена од научници и има цел да дијагностицира, следи и лекува депресија. Научниците веруваат дека сегашниот здравствен систем е погрешен на многу начини, најмногу затоа што општите лекари немаат доволно време да одвојат за пациентот.
Програмата бара од пациентите да играат едноставни видеоигри, со невропсихолошка заднина, со цел да се измерат депресивните сигнали. За време на играта, софтверот ги анализира гласот на пациентот, погледот на очите, однесувањето, времето на реакција, меморијата и грешките. Преку овие податоци се поставува дијагноза.
Апликацијата е тестирана на околу 2.000 пациенти во Лондон, а клиничките испитувања почнаа кон крајот на минатата година. Засега не може да се тврди дека играта може целосно да го излекува пациентот, но се покажа дека може да постави точна дијагноза.
Видеоигрите, од друга страна, можат да бидат дел од заедницата – единственото прашање е каква заедница. Дали виртуелниот свет навистина може да ги задоволи нашите потреби?