Сите знаеме дека не треба да гледаме во нашите телефони пред да легнеме да спиеме, a за многумина од нас читањето книга пред да си легнеме да спиеме е претешко, а 78 отсто од нас го користат мобилниот телефон неколку часа пред да си легнат да спијат.
Апликацијата која најмногу вознемирувала била ТикТок, а 89 отсто од учесниците кои ја користеле пред спиење, кога се разбудиле чувствувале умор во споредба со оние коишто немале „електричен третман“ пред спиење.
Бројот на корисници на социјалната мрежа ТикТок се зголемил од 700 милиони корисници на почетокот на 2020 година на над милијарда корисници колку што брои денес.
На корисниците на ТикТок исто така им требало повеќе од еден час во просек да заспијат, а 14 отсто од својот сон го поминале во РЕМ фаза, што е половина од препорачаната доза за здрава возрасна личност.
Сината светлина го стимулира мозокот и го намалува произведувањето на мелатонин, правејќи луѓето да се чувствуваат будни пред да си легнат, што може да доведе до лошо физичко, но и ментално здравје.
На интернет постојат многу информации за најдобри начини како да заспиете, но очигледно користењето на апликациите како што се социјалните мрежи, спречува многу од нас да добијат вистински одмор којшто ни е потребен по напорниот ден.
Променете ги вашите навики пред спиење, одложете ги телефоните за следниот ден и да, престанете да прелистувате по социјалните мрежи за да можете да се разбудат свежи и полни со енергијa.