Со стапувањето во сила на Законот, сите полнолетни граѓани со дозвола за престој во Австрија мора да се вакцинираат против коронавирусот.
Од задолжителната вакцинација се ослободени само бремените жени и лицата кои не можат да се вакцинираат поради медицински причини, како и лицата кои биле подложени на COVID-19 180 дена.
Во првата фаза нема да има казни до средината на март, граѓаните само ќе бидат информирани за обврската да се вакцинираат. Прифатена е и кинеската вакцина
Австриската полиција од 16 март ќе го проверува статусот на вакцинација на граѓаните при вообичаените контроли. За непочитување на законот се казнува од 600 до 3.600 евра.
Кој ќе биде „фатен“ невакциниран, ако веднаш ја прифати казната, ќе биде казнет со 600 евра, а ако поднесе жалба ќе треба да смета на казна и до 3.600 евра.
Пред стапување во сила на Законот, Министерството за здравство мора да донесе соодветен пропис со кој ќе се утврди кои вакцини се прифаќаат, како и сите исклучоци. Ќе бидат прифaтени и вакцините кои нема да бидат одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), како што е кинеската, но не и рускиот Спутник.
Австрија е првата земја во ЕУ која воведе универзална задолжителна вакцинација.
извор: lokalno.mk