Проблемот со недостатокот на работна сила во хотелско угостителската фела последниве 5-6 години импровизира со неквалификуван кадар, односно со краткорочни вработувања на невработени или на веќе вработенли лица во други сектори кои сакаат да спечалат денар повеќе.
Овие мерки нема сигурно да го решат проблемот околу работата во овој сектор. Таргетот би бил на вработени кои работат во други сектори, дали се во текстилна или било која друга индистрија кои сакаат да работат повеќе од нивното работно време што го имаат таму – изјави претседателот на ХОТАМ.
Доколку на работавачите им се олеснат административните работи во врска со пријавувањето на краткорочни вработувања и доколку им се намалат трошоците за придонеси, ќе бидат поспремни да ги пријават своите вработени.
Работниците, можат да бидат ангажирани најмногу девет дена, кај еден работодавач, но во текот на месецот можат да работат кај тројца и тоа во периодот од 1 мај до 31 август годинава.
За осум часовно работење на вработените келнери, шанкери, собарки,предвидено е исплата од 1.500 денари, додека дневницата за искусните готвачи ќе биде 3.000 денари. На овие лица ќе им се исплаќаат и придонеси, кои ќе влезат во завршниот стаж.
извор: alfa.mk