Зимските денови се пократки и постудени, па многумина се жалаат на недостаток на енергија.
Наутро се будите уморни, често со главоболка, а до пладне сте спремни за спиење.
Сепак, тоа не значи дека нешто не е во ред со вас. Експертите велат дека ова е нормална појава за овој период од годината.
Во зима сме лишени од многу работи. Нема доволно сонце, денот е пократок, студено е, физичката активност е сведена на минимум, јадеме повеќе, па не е ни чудо што ни недостига енергија - објаснува неврологот Мајкл Бреус и советува овој проблем да се реши со два методи, за да можете да ги извршувате секојдневните обврски.
Дишење со пауза
Оваа техника на дишење го забавува отчукувањата на срцето и ја подобрува концентрацијата, што значи дека ќе бидете поспремни за работа. Најдобро е да ја применувате наутро кога ви е тешко да станете од кревет, на сред ден - ако сте поспани или пред некој важен состанок, кога мозокот треба добро да работи.
Ослободете се и почнете со вежбата.
Издишете четири секунди, а потоа задржете го здивот.
Продолжете да дишете низ носот четири секунди, а на крајот од вдишувањето повторно паузирајте четири секунди.
Дишете вака пет минути за да го почувствувате вистинскиот ефект.
Метод „Огнен здив“
„Огнен здив“ е една од техниките на јога, но не треба да ја практикуваат трудниците и оние кои имаат проблеми со крвниот притисок.
Застанете исправено. Вдишувајте и издишувајте низ носот со туркање на абдоменот напред при вдишување и повлекување при издишување
Дишете гласно и брзо.
За почеток, поставете го тајмерот на 30 секунди, а потоа продолжете на четири минути ако уживате во вежбата.