Гец Вернер, основач на германската компанија dm, почина на 78-годишна возраст, соопштија од dm вчера. Неговиот син Кристоф Вернер, актуелен извршен директор на dm, рече дека татко му починал спокојно.
Роден во Хајделберг во февруари 1944 година, Гец Вернер ги завршил студиите по хемија пред да ја основа dm, компанија со филијали во 14 европски земји.
Тој беше познат како ран поборник за универзален основен приход, што значи загарантирана сума пари за секој поединец од државата секој месец, без разлика на висината на приходот.
За dm работат повеќе од 66.000 луѓе. Годишниот приход на германската компанија е 12,3 милијарди евра.
Од раните 90-ти, и сè повеќе по напуштањето на секојдневната работа во компанијата во 2008 година, Вернер го посвети своето време на промовирање на идејата за универзален основен приход.
„Секогаш беше свесен дека нема да доживееме реализација на таа идеја“, се вели во соопштението на компанијата.
Сепак, тој „вложи многу енергија во промовирањето на идејата бидејќи ја препознал како правилна и значајна“.
Вернер имаше и академска кариера. Тој беше назначен за шеф на Институтот за претприемништво на Универзитетот во Карлсруе во мај 2005 година и стана професор.
извор: kajgana.com