Од 26 јануари до 4 февруари, се одржа Најголемиот Виртуелен саем за сезонска работа во Хрватска, во организација на нашиот партнер, водечкиот хрватски портал за вработување MojPosao, а Vrabotuvanje.com беше ексклузивен поддржувач на овој онлајн настан.
Саемот забележа 147.000 посети и 1.060.000 прегледи на страници, а посетителите на саемот можеа да се пријават на повеќе од 200 огласи за вработување.
Вкупно се собрани повеќе од 11.000 апликации за огласените работни места, а барателите на работа најчесто се пријавувале за следните работни места: работник за утовар и истовар на багаж / пратки на аеродром, касиер, собар/собарка и рецепционер.
Најмногу заинтересирани на саемот за сезонска работа во Хрватска има од Македонија, Босна и Херцеговина и од Србија.
Повеќето огласени работни места се однесуваа на сезонска работа, но во значителен број имаше и понуди за постојано работно место по завршување на летната сезона.