Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против Ковид-19, но се уште единствен начин за излез од пандемијата и укинување на превентивните како носење маски, дезинфекција и дистанца, е зголемување на процентот на имунизација на населението.
Со ова темпо на имунизација, државата ќе се најде во ситуација пандемијата во светот да заврши, а кај нас да продолжи уште некој месец, со оглед дека во Данска и Велика Британија кои ги укинуваат мерките имаат процентот на вакцинација од 86, а во Италија – 91 отсто, додека кај нас е 41 процент.
Научно е докажано дека имунизацијата засега е најсигурен и најбезбеден начин за заштита на здравјето.
Според податоците од Министерството за здравство во последните 24 часа регистрирани се 1.554 нови случаи на Ковид-19, од кои околу 13 проценти или 216 се реинфекции. Истовремено, оздравени се 1.843 пациенти и пријавени се 34 починати лица.
извор: skopjeinfo.mk