Олег Вишнеполски е директор на технологија во DailyMail Online and Metro.Co.Uk. Редовно на својот профил споделува свои и туѓи искуства и ставови во однос на работата.
Едно од нив е следното:
„Додека чекав ред за моето интервју за вработување, дојде човек што разнесува пици, облечен во памучна маичка и фармерки носејќи многу кутии со пица и шишиња со вода. Се бореше со вратата, јас веднаш „скокнав“ да му помогнам.
5 минути потоа, јас веќе седам во салата за конференции, влегува човекот што разнесуваше пица ми подава рака и ми вели:
„Јас сум Грег Тагарис, шеф на главен директор за информации на DoubleClick. Извинете што доцнам малку, им носев храна на моите момци. Работат без паузa за ручек бидејќи имаме технички проблеми. Видов дека сакавте да ми помогнете, благодарам за тоа“.
Ми ја понуди работата на крајот на интервјуто и јас веднаш прифатив без преговарање за условите.
Веднаш можете да распознаете добар шеф преку начинот на кој ги третира другите луѓе.
Грег беше добар шеф во добра компанија, но јас би работел за него во секоја компанија. Лош шеф може да ја направи вашата работа лоша дури и во добра компанија – тие пробуваат да ве микроменаџираат, обвинуваат и ќе ги го загорчат животот на тој начин.
ДОБАР ШЕФ ЌЕ ЗАСТАНЕ ЗАД ВАС, ЌЕ ВИ ВЕРУВА, ЌЕ ВЕ СЛУША И ЌЕ ЈА НАПРАВИ ВАШАТА РАБОТА УШТЕ ПОДОБРА ВО ЛОША КОМПАНИЈА.
Дали се согласувате?
извор: hybrid.mk