По триесет и пет минути лет, авинонот на компанијата „Гуливер“, таксираше на пистата на скопскиот аеродром. Авио поврзувањето меѓу Македонија и Буигарија со директната линија меѓу главните градови Скопје и Софија, по многу најави и по повеќе од десет години пауза повторно е воспоствено.
Министрите на двете држави беа задоволни и од отварањето на воздушниот пат и од сработеното досега во работната група.
Потешкиот дел од задачата, железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија е следниот чекор, најави бугарскиот министер за транспорт и врски.
Бугарските претставници најавија дека еден од приоритетите ќе биде завршување на патот до граничниот премин „Клепало“ кој би требало да рабои на принципот „оне стоп шоп“ за да се овозможи што е можно поголем проток на луѓе и стока меѓу двете држави.
извор: telma.com.mk