Во екот на традиционалната „дебата“ за тоа што се слави на 14 февруари - Свети Трифун или Свети Валентин, овој пат избираме да зборуваме за подароци. Официјално не е утврдено кој бил Валентин, поточно имало тројца маченици со тоа име, додека Свети Трифун е обележан од православната црква, а е познат како заштитник на лозјата.
Сепак, едно е сигурно, без разлика на која религија припаѓате или не, планетата на глобално ниво го слави Денот на љубовта, односно Денот на вљубените. Се купуваат пијалоци и цвеќиња, се купуваат скапи подароци, а рестораните се „резервирани“ неколку денови однапред.
Ако сè уште немате идеја што да и/му подарите на саканата личност, еве неколку предлози:
За припадничките на понежниот пол, добра идеја е секогаш убава чанта, чоколади, цвеќиња, книга, парче накит, парфем, вино. Но, исто така, сатенските пижами можат да бидат полн погодок, исто како и некој домашен апарат - ако вашиот партнер е љубител на кафе или палачинки.
Во зависност од буџетот, можете да најдете женски чанти за сечиј џеб, па се до неколку стотици евра. Исто така, едно парче накит може да биде исклучително скапо, но може да се најде и за помалку пари.
За посилниот пол можни опции се каиш, паричник, шише вино или виски, необична вратоврска. Од друга страна, оригинален подарок може да биде добра запалка, часовник или убав џемпер.
Секогаш е незгодно да се зборува за подароци бидејќи, не само што вкусовите се разликуваат, туку секој најдобро го познава својот партнер, па туѓите препораки понекогаш не се прифатливи. Меѓутоа, доколку сте во релативно „свежа“ врска, и сé уште доволно не го познавате партнерот, овие предлози за подароци можат да ви помогнат.
Славете ја љубовта секој ден и грижете се за саканите. Не постои поубав подарок од вистинска емоција.