Со цел да ја задржи мотивацијата, вработениот мора да биде најмалку 80 проценти задоволен со кариерата, работата и шефот.
Кризата, растот на невработеноста и презаситеноста на пазарот на трудот во последните години го зголемија чувството на несигурност и страв од губење на работното место.
Бизнис советниците кажуваат-не дозволувајте стравот да ја превземе контролата на вашите деловни одлуки и да ве блокира. Пресвртот во кариерата е голем потег, но понекогаш е неопходен.
Пред да се одлучите за промена на кариерата, откријте дали вашите мотиви и причини се вистински и вредни за голема бизнис турбуленција. Запрашајте се дали идејата за менување на кариерата се родила после неколку лоши денови на работа, или по неколку години на хронично незадоволство.
Колегите не се причина за отказ
Компетентни сте за работата која ја работите и ценети за вештините и резултатите кои сте ги постигнале, но не се вклопувате меѓу колегите, бидејќи имате премалку заеднички гледишта. На оваа ситуација не и давајте премногу големо значење – побарајте пријател во соседниот сектор.