Град Скопје соопшти дека комуналните редари периодов вршат засилени контроли на терен, при што се изречени 32 казни за прекршување на Законот за јавна чистота. Покрај редовните контроли во урбаниот дел на градот, комуналните редари, како што се посочува, вршат и вондредни контроли и во руралниот дел на градот за да се спречи создавање диви депонии.
Викендов е забележано намерно уништување на садовите за отпад и расфрлање на отпадот од несовесни поединци.
Од Град Скопје апелираат граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат садовите за отпад поставени на јавните површини за да се овозможи ефикасно одржување на јавната хигиена.
Садовите за отпад се набавуваат со пари од граѓаните, а со нивното оштетување се нанесува голема финансиска штета. Поради тоа, ги охрабруваме граѓаните да го пријават секој случај на вандализам врз садовите за отпад и врз другата урбана опрема за да се одржи комуналниот ред во градот, а јавните површини да бидат уредени и чисти.
извор: alsat.mk