Грците се редовни муштерии со години наназад во градовите на југот од Македонија, а ги „мамат“ ниските цени на производите и услугите.
Најчесто во Дојран и Гевгелија доаѓаат на стоматолог за поправка на заби, за купување на облека, намирници, бензин, но и за посета на фризерско – козметичките салони во овој регион. Наплив на луѓе од соседна Грција претежно има во четврток кога е пазарен ден, но и преку цела недела за купување на она што им е неопходно.
„Секој ден во ординација имаме по десетина Грци. Откако почна оваа „криза“ околу името во последно време забележувам помала посетеност, но сепак ги има. Да се поправат забите овде е многу поевтино за разлика од кај нив. Ние во градот имаме 4 стоматолошки ординации, што е многу за граѓаните кои живеат овде, но имаме пациенти од Грција. Таму каде има казина, има и Грци и доаѓаат токму во тие градови“ – велат од стоматолошка ординација во Дојран.
Слично е и во соседната Гевгелија. Гевгеличани раскажуваат дека без приливот на пари од грчките муштерии градот ќе замре, а локалната економија ќе биде во колапс. Додаваат дека Грците најчесто кај нив купуваат овошје, зеленчук, ручаат во некој од рестораните и си одат.
Целиот текст прочитајте го на ЛИНКОТ