Во земјите на Балканот, платите на војниците кои доброволно служеле воен рок се највисоки во Словенија, а најниски во Северна Македонија, пишува Балканската безбедносна мрежа. Доброволниот воен рок најдолго трае во Србија, шест месеци, а најкраткиот во Хрватска односно трае 40 работни дена.
Регрутите на српската војска првите три месеци ги поминуваат во Командата за обука каде што имаат основна и специјалистичка обука, а вторите три месеци во една од оперативните единици.
Платата е од 34.766 динари за војници до 38.000 динари за војници во чинот десетар и слушатели на курсот за резервни офицери. Регрутите вкупно заработуваат од 1.775 до 1.940 евра, што е околу 50 отсто од просечната плата во Србија.
Минатата година во армијата доброволно се пријавиле 1.258 војници, без декемвриската класа. За воениот рок кој започнува во март веќе се пријавиле 650 момчиња и девојки, што е, како што се нагласува, рекорд во последните 5 години.
Доброволниот воен рок во Србија постои од 2011 година и оттогаш нивната плата, постојано расте.
Во словенечката армија за време на воениот рок кој од 2021 година трае 13 недели, а платата е 3.360 евра или 2.281 евро и бесплатно полагање на возачки испит Б категорија (кој чини 1.074 евра).
Војникот кој ќе одлучи да зема плата заработува 84 отсто од просечната месечна нето плата на пазарот на труд која изнесува 1.336 евра. Во 2020 година во словенечката армија имало 106 доброволци, а лани бројот се зголемил на 159.
Хонорарот за доброволците во Македонија кои служат 3 месеци е 10 отсто од просечната месечна нето плата на пазарот на труд или околу 45 евра. Регрутите отслужуваат воен рок три пати годишно, по што можат да аплицираат за работно место како професионални војници.
Доброволниот воен рок во Хрватска трае 40 работни дена, а е воведен од 2008 година. После тоа, момчиња и девојки конкурираат за работа во армијата. За тој период од месец и половина им биле исплатени по 400 евра месечно. Тоа е 42 отсто од просечната нето плата во Хрватска. Веднаш по завршувањето на доброволниот воен рок, војниците можат да се вработат во вооружените сили каде што продолжуваат со обуката.
Годишниот број на доброволци што и се потребни на Хрватска е до 2.000 годишно, но до оваа година воениот рок го отслужиле околу 700 регрути годишно.
Црна Гора е последна во регионот што вовела доброволно служење на воен рок, односно во 2019 година. Паричниот надомест на доброволците изнесува 275 евра месечно, што е 51 отсто од просечната нето месечна плата.
Во Стратегијата за одбрана на Црна Гора се наведува дека годишната потреба од регрути е 100 лица и годишно се распишуваат два конкурси.
Од почетокот на 2022 започна доброволното служење во резервниот состав во Бугарија , а целта е во следните неколку години да се обучат 3.000 лица. Досега се обучуваат 150 лица.
Платата на доброволните резервисти е 1.100 лева или 562 евра, што е 72 отсто од просечната месечна нето-плата на пазарот, која изнесува околу 777 евра.
Доброволна резерва постои и во Унгарија. Унгарските одбранбени сили пред две години имале 10.000 припадници во составот на доброволната резерва, кои работеле под договор и покрај цивилната работа, повремено биле и во униформи.
Воениот рок трае 6 месеци, а платата на волонтерите е 460 евра месечно или 51 отсто од просечната месечна нето плата.