Две мерки вчера предложи Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени.
Во врска со првата мерка која се однесува на укинувањето на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата, не значи дека во земјите каде ќе биде потребно да се поседува ПЦР тест или КОВИД-сертификат дека сте вакцинирани или прележани дека таму нема да се бараат, туку напротив дека при излез од земјава онаа мерка што беше воведена во текот на минатата година дека треба да се поседува или да се покаже на нашите гранични органи, таквата мерка се укинува.
Во наредниот период, треба да очекуваме дека ќе се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата и оти веќе се наоѓаме во надолна крива на епидемиолошката состојба.
Во однос на тоа дали треба да има дополнително укинување односно укинување на генералните препораки за спречување на трансмисија на вирусот или мерки, Комисијата остана на ставот дека вакцинацијата во нашата држава изнесува 41 процент, зборуваме за две примени дози и дека е премногу низок опфатот со вакцинација за да се размислува во насока да има укинување на некои од мерките кои би спречиле и кои спречуваат трансмисија на вирусот.
Во врска со скринингот што се спроведува во основните училишта тој посочи дека од 800 тестирани ученици, само осум биле позитивни на коронавирусот.
Заклучно со 20 февруари во земјава вакцинирани се вкупно 869 763 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 848 573 лица, а со трета доза се вакцинирани 140 455 лица.
извор: kanal5.com.mk