Собранието денеска ги усвои измените на Законот за минимална плата со кои се дефинираат условите за минималната плата од 18.000 денари. Тие треба да почнат да се применуваат со мартовската плата што ќе се исплати во месец април.
За спроведување на Законот за минимална плата до крајот на годината ќе бидат потребни 939.645.000 денари од буџетот на Република Северна Македонија. Државата ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од минималната плата од 15.200 денари која се исплаќа сега, до онаа која ќе се исплаќа за март од 18.000 денари.
Предвидената финансиска помош од буџетот на Република Северна Македонија се однесува за периодот март-декември 2022 година истата ќе биде во износ од 1.197,00 денари. Притоа, се дефинира дека оваа финансиска помош им се обезбедува на работодавачите за работници на кои основната плата ќе се исплаќа до нивото на бруто-плата во износ од 26.422,00 ден.
извор: denar.mk