Дали и кога ќе се реши деценискиот проблем со гужвата на јавниот паркинг во Комплексот Клиники во Скопје - прашање кое со години ги мачи скопјани, но и сите кои мора да паркираат тука!
Прометноста на граѓани и возила на оваа локација создава секојдневни нервози кај вработените и таксистите, но уште повеќе кај пациентите и нивните придружници кои мака мачат каде да го паркираат возилото додека да ги завршат обврските во болниците.
Со оглед дека овој проблем е комплексен бидејќи станува збор за медицински услуги, граѓаните нудат свои предлози со цел полесен и безбеден пристап до клиниките за сите посетители.
Ревидирајте го списокот на картичките, ново правило за нив и магично ќе се реши проблемот, сметаат граѓанините.
Додека не се изгради нов клинички, на постојниов треба само две Катни на 2-3 нивоа на две локации како решение. Па макар и монтажни, предлагаат граѓаните.
Надлежните апелираат да се користат паркоматите за плаќање, за да се избегне гужвата пред пунктовите за наплата, да се бараат фискални сметки за услугите и за сите нерегуларности корисниците да пријават.
Јавното паркиралиште „Клинички центар“ располага со 832, паркинг места, 5 паркинг места за лица со попреченост и 4 паркинг места резервирани за мајки со дете. Во моментов се издадени околу 2200 паркинг дозволи за категорија ВРАБОТЕН во правен субјект.
На јавното паркиралиште во склоп на клинички центар има поставено 2 пункта за наплата од кои едниот работи 24/7 и од него се врши мониториг на влезно-излезни терминали. Исто така претпријатието има поставено и 2 паркомати на различни локации кои се видно обележани, со упатство за користење на три јазици.
Инаку, од први март корисниците на услугите на ЈП „Градски паркинг“ во Скопје, ќе плаќаат пониски цени за зонското паркирање.
Во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час.
извор: skopjeinfo.mk