Во анкетата учествуваа повеќе од 3000 испитаници, посетители на нашиот сајт
Работа во банка отсекогаш била предизвик, особено за кадрите со позадина во економија и финансии. Во македонскиот банкарски систем оперираат 13 банки. Секоја од нив е докажана во својата дејност, но она што нас не интересираше е која е перцепцијата за сите овие институции како работодавачи.
За таа цел направивме анкета на тема Кој би бил вашиот избор ако треба да се вработите во банка? Во анкетата учествуваа повеќе од 3000 испитаници, посетители на нашиот сајт.
По 1% од испитаниците се одлучиле за Стопанска банка АД Битола, ПроКредит Банка, ТТК Банка, Силк Роуд Банка, Централна кооперативна банка, а во делот Друга банка голем дел од испитаниците ги посочиле Развојна банка на Северна Македонија и Капитал Банка како посакувани работодавачи.
3% од испитаниците како најдобра ја избрале Уни Банка, додека 4% се одлучиле за Шпаркасе Банка. „Мислам дека Шпаркасе банка има систем на работа и банкарство како во Германија.“ - стои во еден од коментарите.
Стопанска банка АД Скопје според 7% од испитаниците е најстабилна банка со најљубезни вработени. „Топла атмосфера влааде во самата филијала, благодарение на вработените во Филијала-Струмица“ стои во еден од коментарите.
Халк Банка е избор на 9% од испитаниците. „Плата, бонус, приватно здравство. Без коментар! Супер се - вредни приступачни и многу професионално ја вршат работата во Прилеп.“ - се само дел од позитивните коментари за Халк Банка.
„Најдобра банка. Даваат 13-та плата. Најдобри услови, највисока плата.“ – се коментарите на 11% од испитаниците кои би се вработиле во Комерцијална Банка.
Фаворитот на работобарателите, со убедливи 60% е НЛБ Банка. „Одлични услови. Работа колку сакаш, но добра плата, бонуси, награди, платени обуки.. Најдобра банка, со години ги користам нивните услуги и би сакала да се вработам таму.“ – се дел од коментарите на испитаниците.
Во тек е нашата нова анкета: Кој би бил вашиот избор ако треба да се вработите во големите странски производствени компании? Ги очекуваме вашите одговори и коментари на ЛИНКОТ.