Салт Бае, познат турски месар и готвач раскажува за своите почетоци додека уште работел како чирак.
Готвачот со вистинско име Нусрет Гокче на својот Инстаграм сподели фотографија од младоста, пред да стане светски позната личност.
Нусрет, кој во тоа време бил обичен млад човек, позирал покрај скара и со краток опис порачал колку е горд на тоа колку далеку стигнал.
„Од Бостанџи до отворање во Лас Вегас, какво патување“, напишал тој.
Бостанџи е област во азискиот дел на Истанбул, каде што Нусрет ја започнал својата кариера работејќи во чаршијата како чирак на месар.
Како едно од петте деца на татко рудар, од финансиски причини морал да го напушти средното училиште, а денес е сопственик на еден од најпознатите синџири за храна во светот.
Сепак, судејќи по високите цени на кои во последно време се жалат неговите обожаватели, воопшто не е чудно што тој стигнал и до Лас Вегас каде што следно треба да се отвори ресторанот.