Додека многумина од нас можат само да сонуваат за вселенско патување, Американката Алиса Карсон е подучувана од страна на НАСА да стане астронаут.
Уште како девојче таа се заљубила во вселената и тоа по гледање на ТВ емисијата “The Backyardigans”. Неколку години подоцна, нејзиниот татко ја пријавил во вселенски камп, а набрзо станала и една од малкумината кои ги посетиле сите три вселенски кампови.
Нејзиниот сон отсекогаш бил да стане првата личност чија нога ќе стапне на Марс, а својата мисија ќе ја оствари во 2033 година. Проектот со кој НАСА моментално се занимава има за цел да воспостави човечка колонија на Црвената планета.
Алиса е првата личност која ја завршила обуката од страна на НАСА, но и најмладата личност која дипломирала на Вселенската академија и официјално добила сертификат да отпатува во вселената како астронаут.
Освен мајчиниот англиски јазик, Карсон зборува и шпански, француски и кинески јазик. Таа често држи предавања на деца со цел да ги инспирира да бидат упорни во остварување на своите цели. “Секогаш следете ги своите сонови и не дозволувајте никој да ве оттргне од нив”, изјавила Алиса за “Bored Panda”.
usb.mk