Во текот на наредните неколку дена граѓаните ќе бидат информирани за новите пакет мерки за надминување на состојбата во економијата, со цел да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите.
„Секој во својот домен ќе даде свој придонес во однос на согледувањето на состојбите кои би биле евентуално можни предлози и идеи за натамошни решенија. Дополнително, Владата информираше и дека ќе нема промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата. Со оваа владина одлука се прави измена на Уредбата за критериумите и условите за прогласување кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазарот на топлинска енергија“,
Со оваа измена се утврдува правна основа за преземање мерка за финансиска поддршка која, како што се наведува во соопштението, ќе им ја надомести разликата на цената на енергенси за топлинската енергија на снабдувачите со топлинска енергија за да се елиминира можноста разликата на цените да падне на товар на потрошувачите на топлинска енергија од категоријата домаќинства.
„Мерките кои ќе бидат донесени и во следниот период се за зачувување на стандардот на граѓаните паралелно со растот на минималната плата од 18 000 денари, како и постигнатиот договор за историскиот раст на пензиите“,
извор: 360stepeni.mk