Две години по прогласувањето на вонредната состојба и влегувањето во карантин, Белгија од денеска ќе ги укине речиси сите епидемиолошки мерки, вклучително и обврската за носење маски и ковид пропусници.
Во Белгија од денеска престанува да важи обврската за носење маски на јавни места, вклучувајќи продавници и училишта, со исклучок на здравствените установи и јавниот превоз.
Од денеска престанува да се користат пропусниците за ковид, како доказ за вакцинација или негативен тест, кои беа неопходни за влез во сите угостителски и спортски објекти, како и во културните институции.
Укинати се ограничувањата на работното време на угостителските објекти, а повторно се дозволени максималните капацитети на театрите, кината и концертните сали.
Белгија ги ублажува и ограничувањата за патување, па од 11 март ќе можете да влегувате во земјата без задолжителен патен лист во случај да сте целосно вакцинирани.
Образецот останува задолжителен за оние кои доаѓаат во Белгија од трета земја што не е на списокот на ЕУ на епидемиолошки безбедни земји, а забраната за влез останува на сила за несуштинските патувања на државјани на трети земји кои немаат потврда за вакцинација или закрепнување. и за патници од земји со висок ризик за кои е идентификувана нова варијанта на вирусот.
Укинувањето на епидемиолошките мерки во Белгија доаѓа по верижното подобрување на епидемиолошката состојба во земјата.