Новиот PEUGEOT 308 е прогласен за „Женски светски автомобил на годината за 2022 година“ (Women’s World Car of the Year 2022), по пребројувањето на гласовите на 56-те членки на жирито на WWCOTY – составено исклучиво од жени од 40 земји во светот од сите 5 континенти. PEUGEOT 308 е победник пред 65-те нови модели лансирани во 2021 година кои беа во конкуренција
Титулата „Женски светски автомобил на годината“ се натпревар во два круга: првиот круг завршува со гласање на победничките модели во шест категории. На 14-ти февруари, Меѓународното жири на наградата Светски автомобил на годината за жени ги објави годинешните победници во шест категории.
На 8-ми март, Денот на жената, завршува и вториот круг во кој меѓу шесте финалисти се избира и Врховниот победник на изборот за „Женски светски автомобил на годината“, а победник оваа година е токму Peugeot 308.
Новиот PEUGEOT 308 е првиот модел на PEUGEOT кој ја освоил главната награда за „Женски светски автомобил на годината“ од воспоставувањето на изборот во 2009 година. Во меѓувреме Peugeot на овој избор успеа да се закити и со наградите за „најдобар SUV“ во 2021 година (3008) и „урбан SUV“ и „урбан модел“ за 2021 година (2008 и 208).
Од своето основање во 2009 година, WWCOTY е единствената автомобилска награда во светот за која гласаат исклучиво жени автомобилски новинари.
Критериумите за гласање се исти како оние што го водат секој возач при изборот на автомобил. При гласањето се земаат во предвид аспекти како безбедност, квалитет, набавна цена, дизајн, интуитивно возење, еколошки отпечаток и сл.