Од зголемувањето на минималната плата корист ќе имаат повеќе од шест милиони граѓани, пред се жени и вработени во источниот дел на земјата, изјави министерот за труд Хубертус Хајл (Социјалдемократската партија на Германија – СПД) по редовната седница на владата, пренесува Хина.
Тој рече дека покачувањето на минималната саатница од 9,82 на 12 евра влијае и на вработените кои „ги одржувале виталните функции на општеството“ за време на пандемијата на коронавирус, како што се негователите, како и другите вработени во занимања релевантни за функционирањето на системот.
Тоа практично значи дека, на пример, градежен работник кој во моментов заработува во просек околу 2.650 евра месечно, би можел да заработи 662 евра повеќе или 3.312 евра. Нешто помалку платените, како угостителските работници кои сега во просек заработуваат по 1.800 евра, во иднина би заработувале 2.250 евра.
Минималната саатница прво треба да се зголеми на 10,45 евра во јуни, а потоа на 12 евра во октомври. Владата ваквата одлука ја оправдува со порастот на трошоците за живот и становите во Германија.
– Ова зголемување на трошоците за живот ја доведе во прашање можноста за покривање на тековните трошоци за лицата кои работат со полно работно време со минимален час, се вели во владиното соопштение.
Германскиот завод за статистика редовно објавува податоци за платите. Подолу можете да ги погледнете најновите достапни податоци за просечните плати по занимања со кои најчесто се занимаваат нашите гастарбајтери и нивното потенцијално зголемување со промените на минималната плата.
Градежно
Ѕидар 2.900 евра / по ново 3.625 евра
Тесар 2.700 евра / по ново 3.375 евра
Керамичар 2.660 евра / по ново 3.325 евра
Молер 2.350 евра / ново околу 2.930 евра
Здравство
Медицинска сестра 2.600 евра / по ново 3.250 евра
Масажер 2.450 евра / ново околу 3.062 евра
Негувателка на стари лица 2.350 евра / ново околу 2.937 евра
Физиотерапевт 2.070 евра / ново 2.587 евра
Доктор 6.600 евра / сега 8.250 евра
Индустрија
Менаџер за производство 4.500 евра / според новите 6.625 евра
Електричар 3.460 евра / ново 4.325 евра
Техничар за електроника 3.140 евра / ново 3.925 евра
Заварувач 3.000 евра / ново 3.750 евра
Производствен работник 2.500 евра / според новите 3.125 евра
Автолакер 2.560 / според новите 3.200 евра
Угостителство
Помошик кувар до 1.900 / според новите 2.375 евра
Келнери околу 1.800 / нови 2.250 евра
Собарки околу 1.800 / 2.250 евра по ново