Станува збор за целосно нов модел на Mac кој изгледа како повисок Mac mini, или Mac mini за професионалци.
Освен по дизајнот, Mac Studio е специфичен и по тоа што е првиот компјутер на Apple кој работи со нивниот најнов и најмоќен чипсет. Компјутерот е достапен во две варијанти – едната со чипот M1 Max, а другата со споменатиот нов M1 Ultra чип. За време на презентацијата од Apple ја споменаа основната цена за моделот што работи на овој најмоќен процесор, а таа изнесува дури 3.999 долари.
Но, тоа е цената за основниот модел, кој може дополнително да се надградува хардверски, а со подобар хардвер, очигледно, цената исто така расте.
На пример, надградбата на графиката од 48 на 64 јадра ќе чини дополнителни 1.000 долари, додека корисниците кои сакаат повеќе меморија (128 наместо 64 GB) ќе платат уште 800 долари. Најголем дополнителен трошок е складирањето податоци, а оние кои ќе се одлучат за максималните достапни 8 TB ќе треба да платат дополнителни 2.200 долари. Значи вкупно 4.000 долари повеќе за максимална изведба на Mac Studio.
Бидејќи е само десктоп компјутер, потребен е и монитор. Apple синоќа го претстави Studio Display мониторот кој чини 1.600 долари, но може и да се надгради (на пр. со различен држач кој ви овозможува да ја прилагодите висината на мониторот и премиум стаклото што го намалува отсјајот), што ќе чини дополнителни 700 долари, па значи неговата цена е 2300 долари.
Значи, оние кои сакаат да извлечат максимум од нивното Mac Studio и Studio Display треба да платат дури 10.300 долари.
Двата уреди ќе бидат достапни на пазарот во САД од 18 март.