Кога Комисијата за заразни болести ќе препорача дека учениците не треба да носат заштитни маски во училиштата, Министерството за образование и наука тоа ќе го прифати.
Јас можам да побарам, но факторот што одлучува е Комисијата, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
– Комисијата во последниот период имаше препораки за олеснувања на некои мерки. За мене е многу важен фактор скринингот што го реализираше Министерството за здравство со Комисијата за заразни болести, кој ни покажа дека имаме добро почитување на мерките од страна на децата и многу мал број заразени деца, изјави Шаќири пред почетокот на конференцијата за твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации“.