Цените на горивата растат, цените на намирниците растат, прашањето не е дали нештата ќе поскапат, туку колку ќе поскапат. Во такви услови е нормално да се бараат начини за смалување на потрошувачката на гориво на автомобилот.
Едно истражување покажало дека автомобилите трошат три проценти повеќе гориво за секои 10 проценти помал притисок во гумите од препорачаното.
Цените на горивата растат ширум светот, а поради новонастанатата ситуација, изминативе денови кај нас има големи гужви на бензинските пумпи, се поради страв дека ќе има недостиг од гориво.
Високите цени на горивата доведоа до тоа многумина да размислуваат како да заштедат што е можно повеќе, а експертите од компанијата за лизинг на автомобили, VanArama, ги открија најдобрите совети како да го „растегнете“ резервоарот за гориво што е можно подолго.
Тие посочуваат дека внимателното возење е клучот за заштеда на гориво, бидејќи при секое кочење се губи енергија, а исто така, моторот што е загреан повеќе отколку што треба значи побрзо губење на енергијата. Едноставно кажано, горивото побрзо се троши.
Значи, за да заштедите на гориво, треба да возите што е можно повнимателно, а најдобар начин да го постигнете тоа е да возите со „разумна“ брзина, која не бара често кочење. Тука, може да ви помогне сад со вода.
Експертите од VanArama советуваат да ставите сад со вода на совозачкото седиште во автомобилот, па ако течноста почне да се излива од садот, тоа значи дека треба да возите повнимателно - полесно да вртите, да не возите пребрзо и полека да кочите.
Уште еден совет од експертите е да ги извадите сите непотребни работи од автомобилот, бидејќи колку автомобилот е потежок, толку повеќе ќе треба да работи и да троши повеќе гориво.
Освен тоа, нивната препорака е да не се полни целиот резервоар со гориво бидејќи тоа ќе биде и дополнителен товар што ќе го натера автомобилот да троши повеќе.
Експертите исто така советуваат дека вашите гуми секогаш треба да се добро напумпани бидејќи понискиот притисок во гумите создава триење и топлина. Истражувањата покажаа дека автомобилот троши три проценти повеќе гориво за секои 10 проценти помал притисок во гумите од препорачаното.
Фактот дека клима уредот во вашиот автомобил нема да работи постојано ќе ви заштеди уште малку повеќе гориво и, колку и да ви изгледаат безначајни сите промени, кога се ќе се собере, би можеле да заштедите значителна количина гориво на месечно ниво.
Исто така, друг многу битен фактор е редовното и квалитетно одржување на автомобилот. Користете лесноодно масло: Оптимираните моторни масла со намален отпор штедат до три проценти гориво.
Проверете го системот за палење: Стари свеќички за палење и кабелски приклучоци, како и погрешно дотеран мотор, исто така предизвикуваат зголемена потрошувачка гориво.
Филтерот за воздух треба да се проверува редовно и да се заменува. Заситен, односно валкан филтер ја намалува моќноста на моторот, односно предизвикува зголемена потрошувачка.
Возачките и возачите не можат да преземат ништо против високите цени, но затоа имаат целосна контрола врз потрошувачката на гориво на својот автомобил. Доколку се внимава на сите начини што водат кон намалување на потрошувачката, може да се смета на заштеда од триесетина проценти. Ако потрошувачката од десет литри бензин, се намали на 7 литри, тоа значи дека на секои сто километри ќе се заштедат по три литри гориво, односно 268,5 денари. Под претпоставка дека сто километри се минуваат за три дена, заштедата на крајот на месецот ќе достигне околу 2.700 денари. Секако дека оваа сума ќе поттикне многумина да внимаваат повеќе на потрошувачката на гориво на својот автомобил.