Кога се мисли на инвестирање, најчесто станува збор за акции, недвижен имот, или пак странски валути. Сите овие инвестиции нудат одреден долгорочен поврат на средствата, но и одреден степен на ризик, утврдени минимални износи како почетна инвестиција и одредена расположливост на вложените средства. Па, зошто тогаш не размислите да ги инвестирате во производ што има минимален ризик, безбеден е и преку него имате брз и лесен пристап до вашите средства?
Дали некогаш сте се запрашале кои се вистинските придобивки од штедењето пари во банка? Ваквиот тип инвестиција нуди решение на речиси секој проблем споменат погоре. Како? Останете со нас за да прочитате кои се петте најголеми придобивки од штедењето во банка.
1. Минимален ризик
Депонирањето парични средства во банка не подлежи на трошок, односно не губите дел од вложените средства, за разлика од други типови на инвестиции каде може да изгубите пари во текот на поединечни денови или месеци во зависност од вредноста на сопственичкиот удел, недвижноста и слично. Вашата штедна сметка не се намалува, напротив може само да се зголеми. Најголемата предност на банкарското штедење е што Вашите средства се безбедни и заштитени од брзи и непредвидени промени. Па, доколку не сакате да ја изгубите вредноста на вашата инвестиција, тогаш банкарска сметка за штедење е вистинскиот избор за вас.
За разлика од парите инвестирани на берза или во недвижности, каде што може да ви бидат потребни и повеќе од неколку денови за да можете да ги добиете, парите на вашата банкарска сметка за штедење ви се достапни во секој момент. Дури и средствата да се орочени на одреден временски рок, вие повторно можете истите да ги повлечете со тоа што единственото нешто што би го загубиле е каматата на орочените средства. Токму поради оваа причина, многу луѓе го користат овој начин на штедење како фонд за итни случаи.
3. Не бара голема почетна инвестиција
Многу инвестиции, како недвижниот имот, бараат значителна сума на пари како почетна инвестиција. Од друга страна пак, повеќето штедни сметки во банка имаат исклучително ниски минималн почетни инвестиции. Едноставно го инвестирате тоа што го иматеи вложувате секој пат кога ќе имате дополнителен прилив на средства.
Една од главните придобивки на штедењето пари во банка, за разлика од кое било друго место, е тоа што ви овозможува да ги следите вашите трошоци. Способноста да го следите вашето трошење може да биде многу корисно доколку постојано се прашувате каде одат сите ваши пари.
5. Можете да заработите камата на вашите заштеди
Како што може да заклучиме, штедењето во банка има бројни придобивки, па иако постојат други начини за инвестирање на вашите пари, сигурни сме дека секој од вас сака да инвестира на безбеден и сигурен начин, придружен со лесен пристап и заработка.