Надминати се почетните проблеми со единствениот европски број за итни повици, 112 и сега тој работи на територијата на целата држава. Ова денеска го соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој ја нагласи важноста од функционирањето на овој број затоа што заедно ќе се координираат повиците до полицијата, брзата помош и противпожарната служба.
Ангелов вели дека овој сектор има за цел да ги прима координира и насочува повиците до надлежните министерства или институции. Односно да ги координира кризните ситуации.
За еден месец, колку што функционира бројот примени се околу 27 илјади повици, или околу 950 дневно.