Кога генералната директорка Илон Хител, слушнала дека сметките за електрична енергија во Велика Британија наскоро ќе се зголемат, одлучила да им помогне на своите вработени.
„Знаев дека некои од тимот се загрижени поради идните трошоци и инфлацијата, па реков – не мора да се грижите“, објаснила шефицата на лондонската фирма за односи со јавноста „CommsCo“.
Со оглед на тоа што сметките за енергија ќе пораснат во просек за 54 отсто или за 693 фунти годишно, од април Хител на секој член од својот 12-член тим ќе му даде постојано зголемување на платата од 700 фунти на годишен план.
„Парите ќе бидат додаток, односно дадени во состав со вообичаеното годишно зголемување. Имаме одговорност да се грижиме за нашите вработени“, изјавила Британката додавајќи дека станува збор за тоа како треба да се однесувате кон своите луѓе во тешки времиња.
„Следеше добра реакција, тие го ценат тоа“, додала таа.
Инаку, цените на енергентите би требало да се зголемат од април поради тоа што се зголемува и горната граница на цената на енергијата.
Сепак, цената на храната исто така е зголемена, а руската инвазија врз Украина довела до многу повисоки цени на горивата.
Со оглед на ваквите притисоци на трошоците за живот, Хител не е единствениот шеф кој финансиски сака да ги поддржи своите вработени во тешки времиња.
Крис Стрингер, извршен директор на компанијата „That Recruitment Company“ со седиште во Бирмингем овој месец испратил електронска пошта до вработените за зголемување на платата од пет отсто.
Исто така и Стивен Клејтон е шеф кој на своите вработени трајно им ги зголеми платите за така да можат да ги „покријат“ трошоците за живот.
„Сакам луѓето да го остават пред врата својот стрес. Но, не можете тоа да го направите кога знаете дека мора да платите огромна сметка за струја“, вели Клејтон.