Германската организација Tüv Süd даде неколку интересни совети за штедливо возење
Некои ги знаете, некои можеби не.
• За да заштедите гориво, префрлете во поголема брзина при 2000 вртежи во минута. Исто така, многу возачи го оставаат менувачот во помала брзина, но со 50 км/ч можете да возите во четврта брзина, а во зависност од конфигурацијата на патот, преносниот однос во менувачот, типот на моторот (турбодизел, турбобензинец…) можеби дури и во петта.
• Кога ќе видите црвено светло на семафор, тргнете ја ногата од педалот за гас и полека приближете се кон семафорот. Не притискајте ја педалата за гас до последен момент, а потоа нагло да сопирате.
• Не возете побрзо од 130 км/ч на автопат (првенствено затоа што тоа не е дозволено). Дополнително, често поради сообраќајните услови, постојаното сопирање и забрзувањето, временската добивка е минимална, а потрошувачката на гориво се зголемува.
• Ослободете се од непотребниот товар, односно работи во автомобилот кои ја зголемуваат тежината. Дополнителни 100 килограми во возилото ја зголемуваат потрошувачката за 0,3 литри. Истото важи и за додатоците како што се покривни кутии и носачи за велосипеди, кои ја нарушуваат аеродинамиката на автомобилот и ја зголемуваат потрошувачката на гориво.
• За крај, при 0,2 бари послабо напумпани гуми, се зголемува потрошувачката на гориво до десет проценти.