За рок од два дена казнети се 33 субјекти кои не ја почитувале владината мерка за намалување на маржата или не поседувале евиденција за одредени производи, информираат од Државниот пазарен инспекторат.
Инспекторите на терен утврдиле непрвилности во неколку градови на територијата на државата и тоа во: Скопје, Струга, Охрид, Тетово, Струмица, Гостивар и Пробиштип.
Се работи за седум супермаркети кои согласно прекршоците се казнети со по 7 000 евра за непочитување на одлуките. Имајќи го во предвид извештајот на ДПИ, Министерство за економија прати допис до Инспекторатот да го применуваат и да постапуваат и согласно Законот за потрошувачи каде што е предвидено ако се повторат такви прекршоци инспекторите може да изречат и казна забрана за вршење на дејност и до една година за нечесни практики кои се прават во трговијата посебно кога има одлуки на Владата.
Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука согласно Законот за трговија ќе следуваат глоби во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец, објаснуваат од ДПИ.
извор: lokalno.mk