Утре од 9 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улица „Прашка” и булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов” во Општина Карпош.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок од Ф-100 милиметри на улица „Прашка” број 66 во населба Тафталиџе.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.
извор: kanal5.com.mk