Турција свечено го отвори најдолгиот висечки мост во светот, изграден над Дарданелите, природната граница меѓу Европа и Азија.
Мостот „Чанаккале 1915“ е долг 4.608 метри и го има најдолгиот распон на светот, кој меѓу два главни столбови, високи 318 метри, се протехга до должина од дури 2.023 метри.
Тоа е и првиот мост што го премостува морскиот премин што ги поврзува Егејското и Мраморното Море.
Трошоците за изградба изнесувале 2,5 милијарди евра.
Самото име на мостот оддава почит на битката кај Галиполи од Првата светска војна, која Турците ја нарекуваат Чанаккале Савашлари по местото каде што се случила.
Во неа, на 18 март 1915 година, турската војска ги поразила вооружените сили на Антантата, главно од тогашната Британска империја.
Борбите траеле до јануари 1916 година, кога Отоманската империја ги поразила британските и француските трупи.
„Овој мост е траен спомен на мачениците од Чанакале“, рече турскиот претседател при отворањето на величествениот мост.
Цената за патничките автомобили што ќе го користат мостот ќе биде 200 турски лири (13,50 долари).
извор: kanal5.com.mk