Хакери упаднале во здравствениот систем на Институтот за здравствено осигурување во Франција и украле лични податоци на повеќе од 500.000 луѓе, јавија денеска француските медиуми.
Кориснички сметки на 19 даватели на здравствени услуги, главно фармацевти, биле хакирани и украдени се административни податоци на повеќе од 500.000 осигуреници, се вели во соопштението на Националниот фонд за здравствено осигурување.
Украдени се матични броеви на луѓето, како и податоците на корисниците, но дека тука не се вклучени податоци за банки, адреси, телефонски броеви и болести.