Во пресрет на финалето на Светското првенство во Русија, откриен е еден хуман потег на хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ. Пред одредено време, Ребиќ решил да им ги плати сите долгови на селаните кои живеат во местото од кое потекнува.
Ова во интервју за австриски Хојте го открива неговиот пријател Ловро Шиндик.
– Еднаш се случи Анте да ги отплати долговите на сите 500 мештани кои живеат во неговото село, открил Шиндик.
Инаку Ребиќ потекнува од едно мало место во близина на Сплит. Тој на 19 години замина да игра во Фиорентина, а сега е дел од тимот на Ајнтрахт Франкфурт во Германија. Со игрите кои ги покажа на Мундијалот во Русија, неговата цена на фудбалскито пазар се проценува некаде помеѓо 40 и 50 милиони евра, а според игрите кои ги прикажа на најголемата светска фудбалска цена, со сигурност може да се очекува негов трансфер во поголем клуб ова лето.
republika.mk