Во време кога платата често не е доволна за покривање на основните животни трошоци, а голем број луѓе сонуваат за поголем „луксуз“ како летен одмор, не е мал бројот на луѓе кои се одлучуваат да започнат сопствен бизнис. Секоја инвестиција во свој бизнис носи одредени ризици, но има одредени области во кои сепак ризикот е минимален. Доколку не сте подготвени за голем ризик, решението за вас може да бидат бизнисто со храна, ИТ секторот или јазиците.
Секторот храна и земјоделство е широк поим, но да почнеме со земјоделство, односно со основните намирници - пченица, пченка, сончоглед.
Преработката на прехранбени производи - слатка програма, како чоколадо и бисквити, но и киселите и солените програми исто така можат да се исплатат.
Ако ова ви изгледа чудно и нелогично, само сетете се дека без оглед на ситуацијата и актуелните случувања, единствено нешто што луѓето ќе мора да гоправат е да се прехранат.
Како што е и очекувано, ИТ секторот е секогаш профитабилен.
Талентираните луѓе и младите генерации имаат можност да се занимаваат со информатичките технологии, на кои гледа како „процес кој нема крај“.
Роботика, дигитализација, кодирање, графички дизајн - ако имате знаење од овие области, за вас „нема зима“.
За сите полиглоти кои се прашуваа дали губат време за учење јазици – одговорот е НЕ.
Покрај работата во контакт центар, доколку сакате да запoчнете сопствен мал бизнис од дома, познавањето на јазикот може значително да ви помогне во ова.
Еден пример дека јазикот е вештина која секогаш се бара, е примерот со Кина, која има национална програма со цел што повеќе луѓе да научат англиски јазик. Многу луѓе од Балканот отидоа во Кина и држеа часови, а откако почна пандемијата, часовите се реализираа онлајн.
Најголемата предност на овој начин на заработка е можноста за работа од дома со флексибилно работно време, што е дополнителна предност за луѓето со диплома од Филолошки факултет.