На милиони луѓе во Англија ќе им биде понудена четврта доза од вакцината против коронавирус од утре, соопшти денеска службата за јавно здравје НХС.
Таа доза ќе се препорачува за лица над 75 години и за лица со слаба имунолошка заштита над 12 години.
Вкупно околу 5 милиони луѓе ќе бидат опфатени со препораката за примање на четвртата доза од вакцината, а 600.000 луѓе ќе добијат покана оваа недела да закажат вакцинација.