Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Конечно успевате да решите некои проблеми кои ве мачеа досега. Подгответе се за акција и за нови деловни потези.
ЉУБОВ: Едно лице се обидува да допре до вас, но вие не му дозволувате да се приближи. Можеби сте го потцениле неправедно.
ЗДРАВЈЕ: Можни се здравствени проблеми поради лошата исхрана.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Можете да очекувате многу интересна прилика да ги проширите вашите деловни контакти. Ве очекува деловен собир или прослава каде ќе можете да се истакнете.
ЉУБОВ: Расположени сте за флерт и на новите прилики им се препуштате со цело срце. Уживајте во новите контакти, можеби ќе запознаете некое лице со кое ќе бидете во иднина.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со грлото или крајниците.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Можете да очекувате дека ќе бидете соочени со некои компликации, особено доколку се занимавате со приватен бизнис. Ќе дојдете до некои значајни промени.
ЉУБОВ: Оваа недела е поволна за љубов и задоволства. Покажете му на партнерот колку го сакате и го цените.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со цревата.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Ве очекуваат многу поволни и среќни околности на деловен план. Можете да очекувате дека секој проблем ќе биде со леснотија решен.
ЉУБОВ: Доколку сте во брак или заедница со партнерот очекувајте разговори и планирања на тема семејство, деца. Оние кои се слободни ќе сретнат интересно помладо лице.
ЗДРАВЈЕ: Ќе бидете полни со енергија.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Можете да очекувате дека во оваа фаза ќе бидете окупирани со бројни деловни обврски и дека голем дел од времето ќе го поминете на работа.
ЉУБОВ: Полека но сигурно навлегувате во состојба на апатија која ќе ви создаде проблеми во комуникацијата со партнерот. Оние кои се слободни немаат поволен љубовен период.
ЗДРАВЈЕ: Пад на имунитетот.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Можете да очекувате мали недоразбирања со деловниот партнер. Можно е некоја ситуација да ја гледате сосема поинаку од реалноста.
ЉУБОВ: Ви пречи тоа што саканото лице е нервозно и полно со незадоволство, наместо да се расправате помогнете му.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со вашите слаби точки.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Можен е мал пад на концентрацијата. Не дозволувајте некои слабости да ве доведат до погрешни одлуки.
ЉУБОВ: Многу поволна фаза за љубов. Ќе сакате и ќе бидете сакани. Доколку сте слободни, ќе се заљубите.
ЗДРАВЈЕ: Можна е поспаност.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Првиот дел од неделата нема да биде поволен за вас, но како што ќе поминува времето можете да очекувате подобра ситуација.
ЉУБОВ: Имате желба да направите многу големи емотивни промени и сето тоа зависи само од вас, како ќе постапите така и ќе се чувствувате.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со притисокот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Не дозволувајте нервозата да влијае на вашата работа. Можно е некој да ја употреби против вас.
ЉУБОВ: Многу интересен и ведар период полн со љубов и разбирање. Уживајте во заедничките мигови со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Максимално сте и посветени на работата и многу сте активни. Делувате на сите страни, внимавајте да не се преморите, па да погрешите.
ЉУБОВ: Подобар период за љубов настапува при крајот на оваа недела, избегнувајте ги негативните коментари за партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Можни се мали проблеми со ‘рбетот
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Ќе се завртите кон решавањето на финансиските проблеми кои ви се наталожиле. Некои трошоци ви се повторуваат.
ЉУБОВ: Вие ќе бидете особено привлечни за некои нови лица во вашата околина, доколку сте во врска избегнувајте го флертот со други лица.
ЗДРАВЈЕ: Можен е проблем со наталожени токсини во телото.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Имате прилика да реализирате некои работи кои долго време сте ги планирале, особено доколку се потпрете на некоја соработка со странство.
ЉУБОВ: Добро сте расположени и блескате, ширите некоја позитивна енергија и затоа привлекувате голем број на нови лица околу вас.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за внесувањето на масна храна.