Замислете – четири работни дена и три слободни дена, плус – ако сакате можете да ја завршите работата дома! Звучи како сон?
Една од првите е Basecamp, софтверска компанија која се занимава и со образование поврзано со remote работи, а чии вработени работат четири дена во неделата од 2008 година. На почетокот на 2022 година, платформата за е-трговија Bolt почна да го практикува ова, давајќи им на работниците бесплатен петок, а потоа и Buffer, кој се занимава со управување со социјалните медиуми и софтвер (стационирана во Сан Франциско, но можете кај нив да добиете работа било каде да живеете затоа што се се прави онлајн), а која веќе две години на вработените им обезбедува четиридневна работна недела и која по две години бележи повисока продуктивност и задоволство на работниците од 91 процент. Водење бизнис од далечина и 4-дневна работна недела практикува и DNS Filter, компанија која се занимава со заштита на податоците на мрежата, а потоа и G2i, која поврзува високо квалификувани програмери со компании кои во потрага за нив.
На списокот од 12 револуционерни компании во Америка се наоѓа и GooseChase, онлајн платформа за игри како што е лов на богатство, но во реалниот свет, која вака функционира од јуни 2021. Тука е и платформата Kickstarter за собирање средства за различни проекти (која вработува) и агенцијата за создавање содржини и маркетинг Nectafy. Верувале или не, на листата на компании се Panasonic, потоа ПР агенцијата Praytell, потоа повеќе заедници од компанијата, thredUp (за онлајн размена и купување облека) и Uncharted, непрофитна организација која се бори против сите форми на дискриминација и сиромаштија во градовите.
Ќе видиме дали примерот на овие компании ќе го следат и други светски компании, но со оглед на тоа што целата планета во последните години се чини дека е на работ на силата, дека повеќето страдаат од симптоми на “burn out”, некои работи навистина треба да се променат. Во извештајот наречен „Стрес во Америка 2020: Национална ментална здравствена криза“ од Американското психолошко здружение се вели: „Се соочуваме со криза на менталното здравје на национално ниво, што може да предизвика сериозни здравствени и социјални последици во годините што доаѓаат“. Како одговор, многу компании го реорганизираат своето работење и ја намалуваат стандардната работна недела на четири дена