Пензионерите од Битола, ќе добијат можност за бесплатно користење на јавниот превоз, два пати неделно, во вторник и петок.
Иницијативата претставува една од мерките кои треба да стимулираат поголемо користење на јавниот превоз во пазарните денови во кои раздвиженоста на овие наши сограѓани е најголема, а дел од нив користат превоз и од поодалечените населби и рурални места.
Ваквата мерка, покрај бенефит за пензионерите, се очекува да влијае и на намалување на аерозгадувањето и зголемена употреба на јавниот превоз, како начин на движење низ битолските улици.
Одлуката се очекува да стапи на сила, во април.
извор: novamakedonija.com.mk