Јавноста нема доверба во судството. Незначително мал број на граѓани веруваат во македонските правосудни органи, им кажа денеска на судиите, американската амбасадорка. Порача дека, луѓето треба да видат и да почувствуваат дека системот функционира. Да се уверат дека нивните случаи ќе бидат сослушани од неутрални и независни судови во разумен рок, а за тоа се неопходни реформи и зајакнување на институциите.
Претседателката на Судскиот совет смета дека независно судство е можно ако оценувањето на судиите се одвива според вредносни, реални и квалитативни критериуми.Тоа, вели, ќе се случи само со примена на Методологијата за квалитативно оценување на судиите, која ги фаворизира објективните, наспроти субјективните критериуми. Но, голем проблем за кој засега нема решение, е недостигот на судии.
Од Здружението на судиите,укажуваат и на други проблеми.
И Саити се надева дека наскоро ќе заживее методологијата која се применува во многу држави и која, според него, ќе има влијание врз независноста на судиите. Секој судија ќе биде следен дигитално, а се очекува и личната мотивација да биде зголемена, поради реалното оценување, што ќе биде основа за понатамошно унапредување.