Александар Трајковски е роден на 5 септември 1992 во Скопје. Тој е играч од средниот ред или напаѓач на Палермо и на македонската репрезентација.
Трајковски ја започнал својата кариера во Цементарница 55 во сезоната 2009-10 каде од младинскиот тим бил префрлен во првиот тим. Одличните игри на Трајковски го привлекле вниманието на хрватскиот клуб Интер Запрешиќ, во чии редови преминал на крајот од сезоната. Тој имал 17 години и не можел да игра сè додека не наполнил 18 години
Добрите игри на Трајковски во хрватскиот клуб во вториот дел од сезоната 2010-11 го привлекле вниманието на Динамо Загреб и Андерлехт, кој доставил понуда до Интер Запрешиќ од 500.000 евра, но понудата била одбиена. Сепак, Трајковски на крајот на сезоната потпишал за друг белгиски клуб, Зулте Варегем кој за него платил 1 милион евра. Во 2013, тој бил позајмен на белгискиот клуб Мехелeн.
Во летото 2015, Трајковски потпишал петгодишен договор со италијанскиот клуб Палермо. Својот прв натпревар за новиот клуб, Трајковски го имал на 23 август 2015, на натпреварот од првото коло од Серија А против Џенова, влегувајќи од клупата во 33. минута. Во следното коло, во победата од 1-0 против Удинезе, тој ги одиграл сите 90. минути за својот клуб. Својот прв погодок за “сицилијанците” го постигнал на 2 декември 2015, во поразот со 3-2 на домашен терен од Алесандрија во четвртото коло од Купот на Италија.
Трајковски потпиша двегодишен договор со Палермо, екипа која по 34 натпревари се наоѓа на 10-то место во Серија А.
Александар Трајковски е третиот Македононец кој настапува во Серија А.
извор: biznisvesti.mk