Во 2015 година започна проектот за реконструкција на електронските патарини. Веќе се работи и на Коридор 8, патарината кон Куманово веќе е изреконструирана, ќе се работи и на оние кон Тетово и Гостивар со цел да има целосно електронска наплата на патарини со што ќе се намали уделот на човечкиот фактор во однос на овој процес.
Со винетките моделот не е доволно праведен затоа што винетка користи и оној граѓанин кој патува секој ден на одредена дестинација и ги користи повеќе патиштата, отколку што некој можеби ќе наплати со регистрацијата винетка, односно, патна такса, а притоа можеби и нема да ги користи јавните патишта.
46,4 милиони евра се собрани од наплата на патарини минатата година во ЈП за државни патишта.
Оваа година, има најголем буџет за изградба и реконструкција на патишта, односно над 350 милиони евра, што значи дека многукратно повеќе се вложува во текот на годината односно тоа е проектиран најголем буџет за изградба и реконструкција на патишта.
извор: novamakedonija.com.mk