Расте бројот на граѓани кои се жалат на постапките на осигурителните компании. До регулаторното тело, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, лани пристигнале поплаки од граѓани за два и пол пати повеќе од претходната година. На три осигурителни друштва веќе им се изречени четири мерки од кои две се парични глоби.
Една од позначајните поплаки што дошле од многумина, надлежните ја наведуваат претставката во која на осигуреник не му беше продолжено осигурувањето поради тоа што во меѓувреме му бил дијагностициран рак. Податоците велат дека граѓаните кои купиле осигурителни полиси, минатата година поднеле претставки за 18 компании од тој бизнис. Меѓу другото, осигурениците се жалеле на основот на кој се исплатуваат штетите, како и за висината на износот што осигурителните компании им го понудиле за исплата. Во 161 случај се жалеле физички лица, а 39 претставки дошле од фирми.
извор: alsat.mk