Вработените во приватниот сектор од 1 јули па се до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор познат како К-15 во износ од минимум 9.440 денари
Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а единствениот услов којшто вработените во приватниот сектор треба да го искористат е да бидат вработени најмалку 6 месеци во тековната година кај ист работодавач.
Износот на регресот за годишен одмор се утврдува во зависност од податоците на Државниот завод за статистика за движењето на просечната нето и бруто плата во последните три месеци од периодот на исплата. К-15 треба да изнесува најмалку 40% од износот на просечната нето плата во последните три месеци и најмногу до 40% од износот на просечната бруто плата во последните три месеци.
Според последните податоци на ДЗС, износот на К-15 за 2018 година треба да се движи од 9.440 до 13.850 денари.
Износот на регресот за годишен одмор се утврдува според основицата на платата која важи на денот на донесување на одлуката за исплата.