Во време на енергетска, еколошка и економска криза, како никогаш претходно, се чини потребно е да се свртиме кон алтернативните форми на сообраќај. Велосипедизмот е еден од нив! Освен што е економичен, одличен е и за сопственото здравје и животната средина.
Секаде во Европа се применуваат низа активности и мерки за стимулација на овој вид на еколошки сообраќај.
Почнувајќи од 3-ти април, првиот ден недела секој месец, ќе биде „Ден Без Автомобили“ во сите поголеми населени места во Албанија.
Многу слично е направена позитивната промена во Холандија во 1970-тите. За време на нафтената криза ставаат фокус на одржливиот, поздрав и поекономичен превоз.
Во Палермо ги затвораат главните улици за возила, односно цел центар на градот, каде предност имаат пешаците и велосипедите.
Во Белгија, засега само во Брисел, секој граѓанин кој ќе реши да се откаже од автомобилот ќе добие парична награда од 500 до 900 евра.
Што мислите каде сме ние како општество? Дали некаква ваква слична иницијатива би успеала во Скопје? Колку скопјани се подготвени да се откажат од својот приватен автомобил со оглед дека доаѓаат поубави временски прилики останува да видиме! Сепак наградата е подобро здравје, чист воздух и заштеда на ресурси.
извор: skopjeinfo.mk