Во соработка со Црвениот Крст и со поддршка на нашите партнери од ЕУ, австриската Агенција за развој и австрискиот Црвен Крст, обезбедена е дополнителна поддршка, еднократна финансиска помош во висина од 4.865 денари за илјада семејства и домаќинства приматели на гарантирана минимална помош, коишто имаат лица над 69-годишна возраст или лица со попреченост, изјави министерката за труд и социјална политика.Таа посочи дека средствата се наменети за овие домаќинства многу полесно да го поминат овој период на криза.
Во однос на најновите мерки околу надминување на овој период на здравствена и енергетска криза, таа спомна дека e започната исплатата на финансиската помош од илјада денари во наредните три месеци за 330 илјади пензионери.
Целиот текст прочитаје го на novamakedonija.com.mk